НОВИ КНИГИ, МАНИФЕСТАЦИИ, ОБУКИ…

Библиотеката годинава

Se vo interes na korisnicite - Petar Petreski“Со околу пет – шест милиони денари библиотеката ќе реализира обемна програма за задоволување на барањата на корисниците”.

Ова  го истакнува директорот Петар Петрески.

Според него, институцијата ќе го зголеми придонесот и во научно образовниот и културниот развој во градот и во другите околни општини, создавајќи поповолни услови за непречена библиотечна дејност.

– Планираме збогатување на книжните фондови со литература од сите области. Пред сé, набавка на лектири, белетристика и стручни изданија, како и на нови наслови од областа на природните науки. Ќе продолжиме со примената на современите библиотечни новини, ќе се стремиме кон автоматизација на библиотечните процеси, со дигитализација на публикациите од нашата издавачка продукција. Ќе се погрижиме за доедукација на стручниот кадар во COBISS  програмата, како и непречен пристап до сите информации. За стимулирање на креативноста, ќе организираме повеќе културни манифестации меѓу најмладите, ќе се одржат литературни средби со афирмирани автори, ќе ја интензивираме меѓубиблиотечната соработка и ќе се стремиме да ги афирмираме роднокрајните автори преку публикување на нивните дела –  открива Петрески.

Книжниот фонд ќе се збогати во библиотеките во Варош и во Тополчани, а ќе се набавуваат и дневни и периодични весници и списанија.

Nov imig i vo 2015Преку локалната самуправа се очекува да се реализира проект за нов магацински простор.

–  Очекуваме надградба на постоечкиот со уште еден кат каде ќе ги сместуваме книгите – додава директорот.

Нема да биде заборавена ни издавачката дејност. Планирани се издавање на публикациите “Прилепски спортски големини” од Драгољуб Драги Башески, зборникот “Поетско Маркукуле 2014”, “Семејните библиотеки во Прилеп” од Магда Василеска и Петре Петрески, како и “Сеќавања за Борка Талески на неговите современици” од Наде Караџоска.

Посебен акцент ќе се стави на организацијата на десетина културни манифестации, меѓу кои патрониот празник на библиотеката, светскиот ден на книгата и авторското право, меѓународната конференција за презентација и афирмирање на издавачката продукција на библиотеките, Поетско Маркукуле 2015, месецот на книгата, повеќе натпревари, како и на заштитата на книжните фондови и укоричување на дел од печатените изданија.

Loading