НА ШТРЕК ОД ПРЕТСТОЈНОТО НЕВРЕМЕ

Поради невремето кое се очекува регионов да го зафати денеска, локалните власти имаа координативен состанок на иницијатива на Центарот за управување со кризи. Институциите и раковидителите од јавните претпријатија, компетентни за справување со временските неприлики договорија превентивно дејствување за спречување на поголеми последици од претстојното невреме кое се заканува да ја погоди земјава веќе од вечерва.

Градоначалникот Марјан Ристески ја нагласи спремноста на сите фактори и нивната предвремена координација, која нема да дозволи невремето да создаде дополнителни штети или да предизвика застој во секојдневната фукционалност на општината. Претседателот на Советот Никола Димески соопшти дека превентивните мерки ги детектираат кризните места како што е вливот во реката Црна кај селата Чепигово и Средорек и навремено спречување на евентуалните штети.

Комисија за Врбјани

За проценка на штетите од поплавите во селото Врбјани, како едно од најкритичните места, Советот на Кривогаштани формира комисија, која ќе излезе на теренот да ги утврди последиците на објектите и земјоделските површини.

Loading