БОНЧЕЈЦА ПОЛНА СО ГАРАЖИ

Boncejca---prvite-godini-od-urbanizacijataПостарите велат дека Бончејца е првата урбана, ако не и најстара станбена населба. Изградена е пред 60 години. Со еднолични неколкукатници, со ситни прозорчиња на светларниците и две-трисобни станови е сместена меѓу улиците Будимаш и Булеварот. Комплексот е во близина на железничката пруга кон Битола.

Пред зградите, кутиените “картонски” гаражи не исчезнуваат. Само испарија бавчите, каде станарите садеа колку “за лек и век”. 

И широкото зелено поле, меѓу зградите е претворено во покриви за автомобилите, а не простор за игра за децата.

Комуналец малку ја суреди населбата, а реализацијата на новите проекти ќе ја унапредат барем неколку децении, иако станарите не покажуваат којзнае колкава грижа за својата околина, за својот двор. 

Loading