БЕСЕДА ЗА ТОЛЕ ПАША

В недела

Со панихида,  пригодна културно уметничка програма и забава, културниот центар “Калеш Анѓа” во Крушевица, Мариово ќе одбележи 111 години од загинувањето на војводата Толе Паша. Според новинарот и публицист Тренчо Димитриоски, ќе има и беседа за војводата, а ќе настапат повеќе уметници.

Посмртните останки на Толе Паша по многу години беа префрлени во селотоКрушевица. Во одблежувањето на годишнината се вклучува и планинарското друштво Картуш.

Loading