Гимназија “Мирче Ацев”
Гимназијалката Роберта Ацеска меѓу 20 средношколци од 7 општини од Македонија беше нашиот претставник на тридневниот тренинг за средношколци за врснички едукатори на темата “Родова демократија” во Етно Село, Куманово, организиран од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.
– За оваа обука, требаше да се располага со претходно знаење на оваа тема, кое го стекнав на неделната школа за човекови права од ноември, организирана од Хелсиншкиот комитет – вели Ацеска.
Покрај родовата дискриминација и демократија, се дискутирало и за формите на родово базирано насилство, родовата социјализација, родовиот идентитет и родовите улоги, односно се совладувале сите вештини потребни да се стане врснички едукатор.
– Покрај напорната, но интересна агенда, стекнав пријателства и разменив искуства. По оваа обука, се надевам дека успешно ќе го споделам моето знаење и ќе ја поттикнам заинтересираноста кај моите врсници – додаде Ацеска.