СТАРИНАРОТ ОД ЦЕНТАРОТ

Unikatni gradbi so erkeri i cardaciЦентралното градско подрачје е неисцрпен извор на приказни за своето постоење. Фотографијата кажува многу. На местото сега никнуваат нови градби во модерен стил, со стакла. Луѓето бараат практичност и корист.

Забележливо е на старите градби, посебно живеалиштата кои биле тесни и мали, припуштани со еркери. Тоа се дополнителни дрвени диреци кои го крепеле припуштениот дел. Вертикални бројни прозорци, високи дрвени затворени порти, чардаци, пресечени ѓерамиди кои поцрнеле од дождовите се вклопуваат и личат убаво на старите градби.

Кога на сето ќе се додаде отчукувањето на Градскиот часовник кој стамено стои и брои години, потоа крошнестите дрвја, тогаш мирисот на Прилеп е тука. Да опие, да зароби повторно да навратите на историјата, на спомените, на контактите и песните. 

Loading