СРБИТЕ “НАВРАТИЈА” КАЈ КОНЕВЦИ

Razmana na iskustva i podaroci megu dvete direktorkiРечено-сторено! И Србите не чекаа ни две, ни три, да го одржат зборот за возвратна посета во нашиот град. Дел од колективот од ОУ “Бранко Радичевиќ” од Седларе, Србија со шест наставници заедно со директорката Снежана Ресавац, “навратија” на три дена во Прилеп, да ги видат колегите од ОУ “Блаже Конески”, како што се договорија лани кога им беа домаќини на прилепските деца и наставници.

Нови видици за соработка

Збратимените училишта со заедничко прославување на Православна Нова Година ја одбележаа и ја дефинираа понатамошната плодна соработка. За сé е “виновен” вториот меѓународен симпозиум за е-учење, организиран од Рокус Клет, кој ги зближи Седларци и Коневци и им отвори нови видици за соработка. Веќе имаа контакт во Седларе, но сега врските се продлабочија во пошироки размери.

– Се запознаваме повеќе со домаќините, па да можеме да воспоставиме посериозна соработка меѓу учениците. Воодушевени сме, од гостопримството. Ја потврдивте познатата љубезност на македонскиот народ. Бевме примени топло, како да се познаваме со години. Ги надминавте очекувањата – рече Снежана Ресавац, директорката на ОУ “Бранко Радичевиќ”.

Полни впечатоци од Прилеп

Zaednicka fotgrafija za  pocetocite na sorabotkataСрбите одблиску го разгледаа училиштето. По начините на работа, по училниците, не се разликуваат едни од други, освен што се поопремени со современи технички помагала. Го поздравија вложувањето на Владата и општината во образованието и сметаат за многу понапредно што секој ученик располага со компјутер на часовите.

– Ми се допадна што на секоја скала има по една мудра изрека од познати писатели, филозофи, така што учениците секојдневно се среќаваат и тоа мора да даде ефект во детската глава. Вниманието особено го привлече тоа што пред секоја училница е ставена фотографија од наставникот во таа училница, како и  неговите заслуги, дипломи, пофалници кој ги освоил со своите ученици. Тоа влијае стимулативно и мотивирачки. Нешто ќе копираме и ќе воведеме и во нашето училиште. Тоа е целта на соработката – едни со други да размениме искуства и да одиме чекор напред – ги пренесе импресиите дирекорката од Седларе.

Sredbi za muabet zaednicki proektiНе само од училиштето, гостите се воодушевија и од убавините на градот. Посетија значајни знаменитости и споменици на наши истакнати дејци од културата, историјата. Навратија и во Музејот на икони, и во Музејот на тутун, а цело попладне посветија за прошетка и до соседна Битола, па со кафе – муабет уште повеќе да се запознаат и се зближија со прилепските домаќини. Спонтан и пријатен дочек имаа и во општината или како што ја нарекуваа “градска куќа”, каде се запознаа и со нашиот градоначалник, кој ја поддржа соработката.

На Коневци им претстои нова средба, со учество со своја точка на одбележувањето на патрониот празник на ОУ од Седларе. Со престој во куќите на новите другарчиња ќе научат едни за други, за нивните култури и обичаи. Соработката не запира. Во иднина се најавуваат заеднички апликации на меѓународни проекти.

Loading