ПРИЛЕП ВО СПОТ НА МИЛЕ КУЗМАНОВСКИ

Cest gostin na Prilep - Mile KuzmanoskiСними дури четири спота Миле Кузмановски последните два месеци. За еден од спотовите го одбра Прилеп, каде што го бие глас дека има девојка со сродна душа и иста судбина. Станува збор за песната “Што има ново генерацијо”. Еден од музичките видео записи е збогатен со 20 статисти.

Неговиот нов албум Шприцер со девет нови песни и три бонус ленти ќе излезе наредниот месец. Ќе ги има и хитовите “Не кани ме”, “Крал без круна” и “Сé што побарав од тебе господе”.

Миле планира да издаде и ДВД издание од последниот концерт во Универзална сала во Скопје.

Loading