ОУ “Климент Охридски”
Во ОУ “Климент Охридски” се спроведе обука за противпожарна заштита. При теоретскиот дел, стручното лице инспектор Јован Аврамоски, го запозна наставничкиот кадар со важноста и потребата од противпожарната заштита не само во училиштето, туку и во нивните домови. “Карајќи” ги дека огнот не се гасне со вода, им презентираше разни ПП апарати, кои го гаснат пожарот со специјална пена и прашоци. Финален дел од обуката беше симулирањето пожар во дворот на училиштето, при што наставниците со користење на ПП апарати се вклучија во “гаснењето”, потврдувајќи го успешното совладување на лекцијата за заштита од пламени јазици.
![]()

