ПО БРАЧНИТЕ, И ВО БИЗНИС ВОДИТЕ ЗАЕДНО ЗА БЕБИ ОПРЕМА

Baby’s

bracnata dvojka Kostadinoski egzistira od peleni,....Маја и Маријан Костадиноски, после четири месеци во брак, се одлучиле да “стапат” и во сопствен бизнис на трговија со опрема за бебиња “Baby’s”. Откакао проработила жичката “семеен живот”,  се одлучиле за дуќан наменет за хемиски стоки потребни за домаќинствата и за бебешка опрема, од вид на пелени, средства за хигиена за деца и друго. Црпејќи ја идејата од секојдневниот живот, се решиле првенствено за продажба на производи за нега на деца кои се неопходни.

– Идејата ни беше да се занимаваме со производи потребни за секојдневна употреба. Производ кој мора да го набавиш, кој постојано се троши, дали од страна на памперс, или од детергенти – раскажува за почетоците Маја.

Локацијата ја барале подолго време. Ја нашле во населбата “Димо Наредникот”, оти е урбана, со многу згради, односно семејства, и оти била попристапна за луѓето. Млади се во бизнисот. Само три месеци, но веднаш наишле на позитивни реакции од муштериите. Доаѓаат дури и од други краишта на градов, оти се задоволни и со асортиманот и со цените. Најголем ќеф им претставува тоа што муштериите заминуваат со насмевка и пак се враќаат.

– Требаше многу “трчање”, вложување на голем труд. Интернетот многу помага, оти така ги вршевме првите порачки на производи. Од различни фирми добиваме посебни поволности, во однос на маржата, одредени попусти. Секој производ има период кога е пофален и имаме поголеми поволности да го набавиме. Се трудиме да бидеме подобри во квалитетот, а и цената да биде во склоп со производот – додава Маријан Костадиноски. 

Polni raftovi so bogat izborНудат широка палета на пелени за деца, за широка потрошувачка, од оние џамбо пакувања, па се до помали пакувања. Слично е и со детергентите. Сé што се нуди на пазарот, практикуваат да постават на полиците во дуќанот. Се трудат цените да бидат малку пониски во споредба со поголемите маркети и т.н. маалски продавници. Одат кон дисконтни цени, со спуштање на цените на акциски, со нудење производ со подарок. Со побарувачката на муштериите, ја дополнуваат понудата, да бидат во чекор со потребите.

– Работата ја доживувам како лична сатисфакција, оти почнав да работам свој бизнис. Се трудиме со сопругот да опстојуваме на пазарот. Задоволни сме. Работиме за себе, сами сме си стопани, а отежнителна околност се зголемените обврски – додава сопственичката Маја Костадиноски, на која од голема помош ѝ е претходното искуство во трговијата, а и знаењето како дипломиран економист.

Најбарани се пелените за деца, оти ги нудат сите видови на “швајцарски” пелени. И бизнисот не само што им влијае на џебот, туку и на размислувањето за семејство. Контактот со мајките ѝ е најголема радост на Маја. Имаат и вработена и се надеваат дека во иднина ќе бидат уште поуспешни, попосетени, со идеја да се прошират со уште некоја продавница. 

Loading