ДЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА КУЛТУРНИ НАСТАНИ ОД ОПШТИНАТА

Локалната самоуправа и годинава во буџетот оддели десет милиони денари за поддршка на културни настани и манифестации. Според Снежана Ристеска, советник за култура во ЛС, пари се одделени за карневалот Прочка, за Пиво фест, за јубилејниот МТФ “Војдан Чернодрински”, за џез фестивалот, Фестивалот на народни инструменти и песни “Пеце Атанасоски”.

– Финансиски ќе се следи и манифестацијата “Денови на Крал Марко”, во чии рамки е планирано поставување на споменик на легендарниот лик. Ќе има средства и за Мариовско-мегленските културни средби, за одбележувањето на повеќе празници, како 11 Октомври, Трети Ноември, Нова година – потенцира Ристеска.

Loading