АМЕРИКАНСКИ ВОЛОНТЕР ПОМАГА ВО АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Poducuva angliski i sovladuva makedonski - Sizan ShelСузан Шел, е волонтер од Мировниот корпус на САД во програмата за заедничко подучување со други професори, вклучени во наставата. Пет дена неделно, присуства во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” на часовите по англиски на професорката Фросина Николоска. Со “здружени” сили го спроведуваат часот, претежно на ученици од четврта година, но и на некои од прва година.

Надвор од редовната настава, раководи со училишниот клуб по англиски, организирајќи активности базирани на различни американски празници и култури, гледајќи и филмови, при што учениците низ разговор вежбаат англиски. На средбите се дискутира за Америка, се прават споредби за животот тука и таму, се разбира, на англиски, за да се совлада јазикот што повеќе.

– Радосна сум што работам со овие ученици. Неверојатни се. Воодушевена сум од Прилеп. Ги сакам децата овде, ми го “греат” срцето. Забавно е, не го поминуваме материјалот од учебници, туку зборуваме за теми од секојдневието што е многу важно за флуентноста кога сакаш да научиш странски јазик – вели волонтерката Сузан.

Вели дека нивниот англиски е добар, иако работи со ученици од прва година. Забележала дека повеќето можат да се носат со зборувањето англиски. Покажуваат сé поголема заинтересираност за вклучување во клубот, а ова полугодие ќе имаат и почести средби. Се надева дека сé повеќе деца ќе се вклучат и подобро ќе се  запознаат.

– Возбудена бев кога стигнав во градов, оти сите волонтери кои претходно беа тука, зборуваа “на големо” за Прилеп. Ја сакам големината на градот, не е преголем, но има доволно работи да се прават. Луѓето се фини. Најважно е што навистина го сакам училиштето, каде наидов на топол прием од професорите и учениците, кои ми дозволуваат да го користам мојот “ужасен” македонски – додава Американката, која одлично се снајдува со македонскиот јазик кога зборува со помала група. 

Loading