ЗЛАТНИКОТ НА ЖИТО ПРИЛЕП ВО КАВАДАРЦИ

Pozlatena kavadarcanka so prilepski koreni -  SitnikovskaСо златна паричка замине од Прилеп во Кавадарци, нашата сограѓанката Лилјана Ситниковска, која 30 години живее во Кавадарци. Неа ја “нараси” среќата, која традиционално секоја година се наоѓа во една од тепсиите буреци, кои, по повод Василица, ги подготвуваат вредните раце на мајсторите на Жито Прилеп. Ситниковска доби и пакет со производи.

– И во Кавадарци се крши лебче со паричка. Годинава, семејните обврски на  сопругот нé донесоа во Прилеп на Василица. Појадуваме во млечниот ресторан на Жито Прилеп кај градската болница и ја најдовме паричката – рече Ситниковска.

Новиот менаџерски тим на компанијата го врачи подарокот и посака многу успех, здравје и бериќет нејзе и на нејзиното семејство.

– Како сериозна компанија воспоставивме исклучителна грижа за потрошувачите и навремено ќе ги задоволуваме нивните желби и потреби. Ги почитуваме македонските традиции, семејните и човековите вредности – рече при доделувањето Николас Атанасоски, менаџер на компанијата.

Тој додаде дека на 14 јануари подготвиле и пласирале 2000 тепсии буреци кои прилепчани ги нарачале и се обиделе да ја предизвикаат среќата и да го добијат златникот. 

Loading