СОНЦЕТО ЈА ИЗБРКА ВЛАГАТА

Легнуваат парите од ланскиот род кај тутунарите

– Во прилепско, долненско, кривогаштанско и крушевско откупени се 5 илјади тони со просечна цена од 123 денари за килограм

So del od subvenciite ke se prebiva navodnuvanjeto...Трите компании, Сокотаб од Битола, Алијанса од Кавадарци и Струмицатабак, веќе го плаќаат откупениот тутун, а сите девет располагаат со финансиски бонитет за исплата на тутунот. Легнуваат парите од ланскиот род, а тутунарите се задоволни и од проценката. Дека откупот се одвива без проблеми, потврди директорот на земјоделскиот инспекторат Румен Стаменов.

– Сега нема влага, а остана проблемот со тутунот кој беше мувлосан. На бесплатниот телефон стигнаа 5 претставки за оспорување на проценката. Три беа реални. Откупот се одвива мирно, според мерилата за ценење на тутунот. Доказ е тоа што во овој регион има само 40 спорни бали. Од нив второстепената комисија на 35 им ја има потврди проценката, а пет бали се ставени во повисока класа – рече Стаменов.

Од договорените преку 24 илјади тони тутун во земјава досега се откупени 9 илјади тони со просечна цена од 118 денари за килограм.

– Во прилепско, долненско, кривогаштанско и крушевско откупени се 5 илјади тони со просечна цена од 123 денари за килограм. Во Македонија за 22 работни дена се откупени 36 проценти од договорените количества. За останатите 43 работни дена до 15 март, треба да се откупи остатокот. Има доволно време да се преземе целиот договорен род – смета Стојменов.

Според него, Министерството за земјоделство го евидентира вишокот за да се откупи, откако ќе се преземат договорените количества. Се прави список псоред информациите на откупувачите. Земјоделците го пријавуваат вишокот кој се претпоставува дека ќе достигне до пет илјади тони.

Се очекува просечната цена да се зголемува, зашто сега нема влага во тутунот. Според Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунските здруженија, до 10 јануари откупени се близу 7.000 тони.

Во прилепско, девет компании откупуваат на 139 пункта од 15 декември, а откупувачите, според договорите со кооперантите, треба преземата за обработка 25 илјади тони тутун. До 15 март е законскиот рок.

Со субвенциите да се пребиваат долговите

Од годинава ќе нема застој и доцнење на исплатата на субвенциите. При исплатата на субвенциите, ќе се пребиваат долговите за наводнување и одводнување и за пашарина.

– Баравме од Министерството и Владата, а тие прифатија во ноември, при исплатата на субвенциите да се пребиваат долговите кон јавните претпријатија за наводнување, одводнување и пашарина. Поради неплатени долгови лани, 2500 тутунари навреме не зедоа субвенции од пет милиони евра. Кога ќе почне производствената година напролет, тутунарите имаат многу трошоци. Со овие измени нема да се оптоваруваат со плаќањето за наводнување, одводнување и пашарина, туку ќе им биде пребиено од субвенциите и ќе имаат увид колку и што е исплатено на јавните претпријатија – објаснува Данчо Милески, претседателот на Сојузот на тутунските здруженија.

Сојузот на тутунски здруженија е задоволен од предлог законските измени со кои се предвидува со субвенциите да се пребијат долговите.

Loading