ОДМОР ДО 21 ЈАНУАРИ

Ракомет

Одморот за суперлигашот РК Прилеп почна лани и ќе трае до 21 јануари. Тогаш е предвиден стартот на подготовките. И управата не мирува на полето на организацијата на клубот, играчкиот и тренерскиот кадар. Поради извесното учество во плеј-офот и привлечните пролетни мечеви, се разгледува потребата од менување на салата. Веќе се преговара за засилувања. На дневен ред е и тренерското место, по прераната смрт на Боро Чурлевски. Во стручниот штаб остануваат Ице Соколоски и Страшо Илиески.

Напролет преостануваат уште четири кола од основниот дел, плус 10 меча од плеј-офот.

Loading