МЕДИОТЕКА ЗА МОДЕРНИЗИРАНА НАСТАВА

Кривогаштанци се израдуваа на новоотворената просторија во ОУ “Манчу Матак” наменета за медиотека. Една училница е дотерана со комплет столици со масички за седење, аголно биро, шкафови, компјутер, ЛЦД проектор, магнетна табла, интерактивен уред и платно за проектирање, децата и наставниците со ќеф да минуваат дел од часовите.

Донираната опрема е “дело” на откупната компанија Алијанса од Кавадарци, а целта е да се создадат услови за поквалитетен воспитно – образоваен процес преку употреба на интерактивни техники и методи за настава.

Loading