ДВА ОСКАРА

Карате

Успешната 2014 година за каратистките на КК Ронин е крунисана со два оскара на манифестацијата за Избор на најдобрите во организација на Агенцијата за млади и спорт. Во категоријата најдобра млада спортистка на Македонија избрана е Поликсенија Јованоска. Таа освои бронзи на Европско и на Светски куп. Во категоријата најдобра женска екипа прогласен е националниот ката тим Маријана и Мишела Димоски со Поликсенија Јованоска. Зад нив се резултатите: злато на Балканско, сребро на Медитеранско, бронза на Светска премиер лига, бронза на Европско јуниорско, злато на Балканско јуниорско. Првпат два оскара од еден Избор допатува во Прилеп            

Loading