Монографијата “Прилеп – милениумско пулсирање 1014 – 2014” го доживеа електронското издание кое беше промовирано вчера. Книгата наскоро ќе го доживее и печатеното издание.
– На 600 страници опфатен е целокупниот живот на градот од праисторијата до денес. Низ текст и многу фотографии претставен е историскиот развој на градов од најраниот период, преку среден век, со посебен акцент на периодот на владеење на Цар Самоил, на Крал Марко, периодот на востанијата, двете војни, по ослободувањето, па современ Прилеп. Во подготовката беа вклучени 42 автори, стручни и научни работници од градов и од Институтот за национална историја – вели Влатко Караџоски, главен и одговорен уредник на монографијата, што ја издаваат ДНУ и локалната самоуправа.
За градоначалникот Марјан Ристески монографијата е капитално дело со кое градот достојно го одбележува миленумското постоење.
![]()

