ТУТУНСКИ ГО НАПУШААТ НАД 500 РАБОТНИЦИ?

– Привлечен социјалниот пакет до 15 илјади евра

Ima sredstva za site zainteresinari rabotnici Dermenzdziev (na sredina) so sorabotnicite Amgeleski i  SotirovНад 500 работници од Тутунскиот комбинат, од вкупно 970, побарале да ја напуштат компанијата со социјалните пакети со највисока вредност од 15 илјади евра. Извршниот генерален директор Александар Дерменџиев потврди дека се обезбедени средства за 480 работници од заедничкиот буџет со Филип Морис за подобрување на продуктивноста, но ќе им се излезе во пресрет на сите, ако не се потребни на компанијата, па да се ангажираат и да се обучуваат нови. Операцијата на ослободување од вработените се очекува да заврши до март идната година.

– Пакетите за доброволно заминување се подготвени во соработка со Синдикатот, оти најголем проблем е превработеноста.  Тоа се чини на заеднички прифатлив и безболен начин, компанијата да се олесни. Работниците заминуваат доброволно со релативно атрактивни понуди, за што сведочи интересот. Не се знае колкави ќе бидат поединечните пакети, но се знае дека се создаваат врз основа на височината на платата и на минатиот труд или максимум до 15 илјади евра – вели Дерменџиев.

Според него, менаџментот бил изненаден од интересот, затоа што планирале околу 350 работници.

–  Заинтересирани се повеќе од 500 работници. Менаџментот има дискреционо право на некој да не му додели пакет, оти нема логика, ако тоа работно место е потребно, а сега да дадеме 15 илјади евра за некој да си отиде, а потоа да распишеме оглас, да примиме некој што треба допрва да го обучуваме. Следната година ќе се направи добра анализа на сите пријавени. Единствена рестрикција би било тоа ако некој навистина ни е неопходно потребен за производните процеси. Желба ни е да им овозможиме да заминат на сите што се пријавиле, а тоа ќе го направиме и со сопствени средства – објаснува Дерменџиев.

Тој смета дека само на име плати ќе се заштедат годишно околу три милиони евра, ако заминат 500 работници.

– Тука има и некои скриени трошоци плус, кои би се отстраниле со редукција на вработените. Важно е дека ќе има значителни заштеди. Ако оперативната загуба била околу четири милиони евра, би дошле на позитивна нула. На ова треба да се додадат и позитивните очекувања од стратешкото партнерство – зголемување на обемот на производство  на цигари и на пласманот на тутун. Очекуваме подобри денови – вели првиот човек на Тутунскиот комбинат, Александар Дерменџиев.

Доминантен сопственик на Тутунскиот комбинат е државата.

Loading