ПРИЛЕП ЈА ПРОСЛАВИ МАКЕДОНИЈА

Карате

Nositelkite na medali od BalkanijadataБалканското првенство за кадети и јуниори во Софија, Бугарија, успешно помина за репрезентацијата на Македонија со освоени 26 медали. Најзаслужни за пласманот на петтото место од конечната табела меѓу 11 земји се прилепските каратисти. Дадоа придонес кон трите злата. Од КК Ронин кај кадетките во ката, шампионка е Анастасија Матеска. Најсјајниот медал и во кадетска женска конкуренција за прославениот ката тим Маријана и Мишела Димоска со Искра Каракашоска. Од Спорт 94 највисоко на пиедесталот стигна Мартин Петрески со тимот во борби. Одличен пласман и сребро за Мишела Димоска кај јуниорките во ката, како и за Андреј Ристески (Спорт 94) во борба екипно за јуниори. За Мишела уште и бронза во ката тимот со сестрата Маријана и Каракашоска кај јуниорките екипно. Бронзи освоија уште Маријана Димоска поединечно ката за кадетки, Андреј Ристески во борби за јуниори, Марија Матракоска во ката постари јуниорки и ката тимот кадети јуниори Дамјан Ристески, Кирил Трајкоски, Огнен Тодороски (Бонсаи). На првенството со 15 златни медали најдобра е Турција.

Следен настап е во февруари на Европското во Цирих.

Loading