НА ВРВОТ ГАБРИЕЛА СТОЈАНОСКА – СТАНОЕСКА

Доделени наградите од конкурсот “Поетска везилка”

Nikola Diemski na prvonagradenata i ja vracuva nagradataДоделени се наградите од конкурсот “Поетска Везилка”, што првпат го организираше ОК на ВМРО ДПМНЕ за роденденот на доајенот на македонската литература Блаже Конески. Меѓу 54 автори, победи поемата “Јас ќе ти ги спомнам зборовите” од Габриела Стојаноска – Станоеска. Втората награда, жирито, во состав Весна Михаиловска и Цеца Видова Трајческа, професори, и Петар Петрески, директор на библиотеката, му ја додели на Гаврило Миловановиќ за творбата “Антиепитаф”. Третата награда ја поделија Горан Тодороски со “Мавзолејот на поетите” и Сузана Ѓорѓиевска за творбата “По сокак со чекор бавен”.

Наградите на добитниците им ги врачи координаторот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Димески, на поетската вечер посветена на Конески.

Loading