“Уметниците во чест на Св. Никола”, е изложбата која ќе биде отворена во денеска во ЦК “Марко Цепенков”. Во чест на патрониот празник на Прилеп, Св. Никола, 37 уметници од градов, од Битола, Тетово, Охрид, Куманово, Гевгелија, Демир Хисар, ќе го презентираат своето богато творештво на тема Светци.
Годинава ќе бидат изложени дела од уметниците Драги Хаџи Николов, Синиша Кашавелски, Павле Кузмановски, Ванчо Димоски, Јане Бакре, Стефан Малбашиќ, Славица Михаилова, Соња Лечковска, Златко Лечковски, Љубе Неделковски Бобек, Александар Џинго, Александар Тодороски, Борче Тодороски, Благоја Атанасоски, Бојана А.Трпческа, Билјана Петкоска, Дејан Трајковски, Драган Верговски Алпи, Елена Дујакоска, Ивка Коцева Караџоска, Лина Тренкоска, Марија Стојаноска Петковски, Славе Тренкоски, Матилда Бажевска, Методи Исков, Мики Трендафиловски, Наде Тоскоска, Наташа Ѓорѓиева, Никола Топчиоски, Елена Спасова, Стеван Боцески, Стојан Дурланов, Васил Костов, Здравко Палески, Валентина Илијевска, Билјана Бинчев, Марјан Стојаноски.
ЦК “Марко Цепенков” ја реализира изложбата со Општината по третпат.