Џиуџица
Во градов, гостин на центарот за боречки вештини “Максам” е Роберт Наумоски (40) од Сиднеј, Австралија, Македонец со прилепски корени. Како дете бил фудбалски голман, на 19 години почнал боречки вештини, а на 23 ја засакал бразилската џиуџица. Таа е 70 отсто вештина, а 30 отсто спорт. Џиуџицата всушност е џудо.
– Ме привлече начинот на борбата. Она што во џудото е ипон, во џиуџицу е само два бода. Трипати бев шампион на Австралија, прв дојдов до црн појас. Патот е долг, 10-12 години. По белиот се лепат ленти, следи син, лилјаков, кафеав, дури потоа црн – вели Наумоски.
Црн појас во џиуџица значи поседување огромно искуство и знаење, со умешност тоа да го пренесе на други. Наумоски цел месец одржува семинари низ државава, на 120 тренери и спортисти. Обучува професионалци како алфите, волците и тигрите од МВР. Секоја година навраќа и гледа прогрес. Најмногу во градов.
– Прилеп е многу променет, среден, исчистен, со споменици. Мерак ми е да дојдам – порачува Наумоски.