“КОНЕВЦИ” И СЕДЛАРЕ ВО ЕДНО

ОУ “Блаже Конески” во Србија

– Потпишување на меморандум за соработка со ОУ “Бранко Радичевиќ”

Belgrad gi doceka decata od PrilepОУ “Блаже Конески”, не чекаше ни две, ни три, да ги оствари предвидените цели од  вториот меѓународен симпозиум за е-учење, организиран од Rokus Klet, па отиде во Седларе, Србија да се збратими со ОУ “Бранко Радичевиќ”. Пречекани и нагостени на традиционален начин, наставниците три дена ги прошируваа видиците и отвораа нови пространства за соработка во Србија.

Леб и сол

Во организација на директорката на ОУ “Бранко Радичевиќ”, Снежана Ресавац, најпрвин ја посетија општината Свилајнац, каде директорката на ОУ “Блаже Конески”, Марија Дулевска имаше средба со градоначалникот и ги пренесе топлите поздрави од нашата општина. Беа разменети подароци и се разговараше за возвратни посети и соработки меѓу училиштата и општините. Целиот колектив на домаќините со учениците и родителите следејќи ја православната традиција ги пречекаа со леб и сол. Се засади и заедничко дрво “гинко”, како симбол на долговечност и плодна соработка.

Leb i sol za dobredojdeВо училиштето беше потпишан Меморандумот за соработка меѓу училиштата и на српски и на македонски јазик. Домаќините ги поздравија гостите од Прилеп со изведба на хорот на песната “Македонско девојче”, па се заигра и оро. По пригодната програма, учениците од двете училишта заедно ставаа отпечатоци од нивните рачиња на платното. Па, беа прошетани низ училиштето, низ градот Седларе, па и до природнонаучниот музеј и до средното ветеринарно училиште. Средбата се заокружи со договор за возвратна посета на Стара нова година во Прилеп на заедничко вртење на паричка. Беа разгледани и можности за реализација на идни заеднички проекти, од кои Дулевска предложи разгледување на ИПА компонентата за прекугранична соработка на Македонија со Србија од европските фондови, за што понатаму ќе се разговара и аплицира здружено. Домаќините ги испратија гостите со подароци изработени во форма на срца.         

Сé е можно

Sorabotka i bliski prijatelstvaГрупата ученици и наставници продолжи во посета на научниот саем во Белград. Втора година се проследува научниот саем за млади научници и природници од областа на природните науки.  Излагачите презентираа научни истражувања, достигнувања и откритија од областа на физиката, хемијата, математиката, географијата, информатиката, биологијата, роботиката и техниката, а годинава и од психологијата. Учениците се запознааа со иновациите и пронајдоците и прашуваа за изумите. Една ученичка, се вклучи во процес на поправање на заб, ставање на лек и сл. Учениците продолжија со “авантурата”, па го посетија и Калемегдан и улиците “Кнез Михајлова” и “Теразије” и Зоолошката градина. Особено атрактивна за машките ученици беше посетата на стадионите на Маракана и ЈНА. Водич низ Белград беше наставничката по информатика Наташа Ристеска-Проданоска.

Drvce za simbol na zbratimuvanjeto– Посетата на научниот Саем и на Белград отвори многу можности кон идното професионално ориентирање на учениците и стекнување нови знаења, предизвици и искуства. Учениците беа воодушевени. Доживувањата ќе им останат во трајни сеќавања и ќе им бидат од корист во животниот и професионалниот пат – ги пренесе впечатоците Дулевска.

За следната година најавено е учество на ОУ “Блаже Конески” на научниот саем во Белград со свој штанд, со проекти од роботиката и автоматиката под раководство на наставниците Бранко Бабаноски и Петар Андоноски.     

Loading