Градот ќе ја прослави илјада годишнината со богатство од културна понуда ноќта меѓу 20 и 21 декември. За одбележувањето на милениумот од првите документи каде се појавува името Прилеп, градските власти и културните институции ќе ги отворат вратите на театарот до два часот по полноќ каде ќе играат бесплатно комедиите “Од кол на кол”. Меѓу двете претстави ќе има куса пауза за адаптација на сценографијата. Киното Мис Стон ќе има филмски маратон со песната на петелот. Постојаната археолошка поставка во музејот ќе биде отворена до три часот на утро, исто како и музејот 11 Октомври. Сите галерии ќе имаат ноќно, односно утринско работно време. Уметниците ќе сликаат, а библиотеката ќе организира литературни читања, промоции и други приредби да се прослави десетвековието на градот под Марковите кули.
Локалните власти, се очекува да донесат одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти до два часот по полноќ.
![]()

