КОНКУРС ЗА ШПАНИЈА

Во СОУ “Ѓорче Петров” 

Во СОУ “Ѓорче Петров” е распишан конкурс за проектот на ЕУ, “The care and knowledge alliance””, со кој девет ученици ќе имаат пракса две недели во дом за стари лица во Мадрид, Шпанија. Проектот е поддржан и спроведуван во рамките на Програмата Еразмус+ на ЕУ, а менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Според правилата, на конкурсот можат да учествуваат ученици од втора, трета и четврта година од здравствената струка, медицинска сестра за практична обука од 6 до 20 март 2015 година во домот за стари лица во Мадрид. Учениците со интерес за аплицирање, да достават мотивационо писмо, да пополнат формулар, кој се подига од педагошко психолошката служба, а документацијата се доставува до психологот Лидија Алексоска до 17 декември годинава.

Апликантите ќе се интервјуираат на 18 декември во 12 часот.

Loading