Државно училишно првенство
Гостинскиот терен во Битола не претставуваше никаква мака за прилепските деца да освојат најмногу медали на Државното училишно првенство во карате. За овој благороден спорт едноставно сме “закон”. Кај помладите средношколци сите четворица првопласирани се прилепчани: Константин Василески (Ѓ. Петров), Симеон Мерипушкоски (Гимназија М. Ацев), Давид Цветкоски (Р. Р. Ричко), Огнен Тодороски (М. Ацев). Слично и во категоријата трета – четврта година: второ место за Андреј Бошкоски (Р. Р. Ричко), трети Дамјан Ристески (М. Ацев) и Александар Стојаноски (Р. Р. Ричко). Кај помладите средношколки од прво до трето место: Кирјана Камческа (Ѓ. Петров), Анастасија Матеска, Цвете Јанеска (М. Ацев), а кај повозрасните средношколки редоследот е: Маријана Димоска, Мишела Димоска (М. Ацев), Искра Каракашкоска (Ѓ. Петров).
Успешни беа и основците. Во најмалата група до трето одделение победник е седумгодишниот Марко Јаков (К. Охридски), а до петто одделение трет е Никита Николоски (К. Рацин). До деветто одделение трето место освои Звонко Николоски (К. Рацин). Во категоријата на ученички, до трето одделение првак е Цвете Трајкоска (К. Рацин), до седмо, втора е Кристина Каламукоска (Б. Конески), а до деветто одделение второ место е Матеа Талеска (К. Рацин), трета Лина Димеска (Д. Јованоски).