ДИПЛОМИ В ЏЕБ

На Економскиот факултет

Novi akademci od Ekonomskiot fakultetНа свечена церемонија, 200 дипломирани економисти и 30 магистри ги добија дипломите од Економскиот факултет. Во свечени одори, дипломците и магистрите, со насмевки и зацрвенети лица, ги фрлија капите во знак на радост за окончување на студирањето и верификацијата на стекнатото знаење. Деканот Ѓорѓи Манчески истакна дека дипломите се одраз на вложениот труд, покажаното знаење и високите професионални перформанси. Тие се билетот за влез во светот на бизнисот, каде “вооружени” со знаење ќе се изборат за своите кариери.

Во изминативе 54 години дипломирале 16000 економисти, а многу од нив магистрирале и докторирале.

Loading