Здравствениот дом набави апарат за алерго тестови кои се вршат преку крвта. Кај граѓаните ќе се дијагностицираат алергии од растенија и животни, од прашина и од храна, само со упат, без да одат во други градови за вакви анализи.
Раководителката на лабораторијата, Билјана Рикалоска Јованоска вели дека апаратот работи преку крв и во исто време претставува панел на кој открива 30 алергени со еден примерок на крв.
– Сигурноста на резултатот е голема. Го открива типот на алергенот и концентрацијата – објаснува Рикалоска Јованоска.
Алерго тестот е брз, едноставен, а резултатите се готови за два ипол часа. Економски е поисплатлив од останати тестови.
– Во лабораторија се прават инхалаторни и нутритивни панели за откривање на алергија од растенија и животни, прашина и од храна. Специјалистот добива квалитетни податоци, врз основа на кои може да одреди терапија – кажува инженерот по хемија Билјана Рикалоска Јованоска.