КОШНИЦА СО ПЧЕЛИ

Историја

Сигурно најскапата екипа која гостувала во државава е италијанската Парма, која на 14 септември 2000 предводена од голманот Буфон, бекот Турам и стоперот Канаваро се сретна во Скопје со Победа. Интересот кај гледачите беше огромен и без оглед на “солените” влезници ја окупираа големата јужна трибина. Медиумите проценија максимални 15 илјади присутни. Немаше игла каде да се фрли, не само седиштата, пренатрупани беа ложите, скалите и патеките. Трибината заличи на кошница со пчели. Илјадниците кои останаа надвор гледаа телевизиски пренос. Сликата одеше во 12 земји.

Незапамтен интерес имаше и за реклами од странство, а од домашните фирми беа Витаминка и Пиварницата.

Loading