ДОЛНЕНЦИ ЛИДЕРИ

Општинска

Заврши есенскиот дел од Општинската А лига и сите почести се за лидерот на табелата Илинден од Долнени. На последното коло во отворена и ефикасна игра со 5-3 го совладаа Динамо од Мажучиште. Три гола даде Глигуроски, по еден Белчески и Рамовиќ. Билансот е девет победи и три порази. Клубот е пред најголемиот успех во поновата историја, пласман во Третата лига, но претстои и пролетниот дел, каде е борбата со конкурентите Кадица, Обршани, Братство и Младост. Лигата продолжува во март.

Табела: Илинден 27, Кадица и Обршани по 26, Братство и Младост по 23, Слога 19.

Loading