СРЕЌА Е ДА ЈАДЕШ ВО КАСНИ ПОРАСНИ

Касни порасни

Vkusni pici od Kasni porasni - Stojance GorgioskiИскуството од пет ипол месеци со студенската работа во ресторан во Америка го охрабрило  26 годишниот  Стојанчо Ѓорѓиоски, да се занимава со угостителство. Тој веќе четири години е сопственик на сендвичарата “Касни порасни”, која, иако е мала фирма, има голем сенс за потребите за храна претежно за најмладата популација. Па и оттука не случајно името на компанијата е “Касни порасни”. Првиот дуќан го отворил во 2011 година, кај ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, а потоа напоредно и кај гимназијата. Од субјективни причини ги затворил и двата, па се преместил во простор во склоп на ОУ “Рампо Левката”. Како млад човек, постојано воведува новини и сака да ги задоволи вкусовите на најпребирливите, а децата тоа најмногу го чувствуваат.

Во услови на “куп” фирми кои подготвуваат храна, во “Касни порасни” има некој посебен “филинг”, домашна атмосфера. Љубовта, посветеноста и љубезноста која ја нуди Ѓорѓиоски е причина што децата се “тепаат” да каснат и да биде “хит”. Ги знае сите деца по име и презиме, негува другарство, го поздравуваат. Родителите го канат на родендени и имендени, па и за свадби кога ќе стасаат. Има сé повеќе насмеани лица, задоволни стомачиња, добра забава и дружба на одморите. Нема турнир или манифестација без негово спонзорство, поддршка за сите училишни клубови и спортски екипи.

Пред големиот одмор се чувствува “затишје пред бура”, а кога завршува часот наплив од детски повик: “Столе, дај ми тост, сендвич”. Гладни, не бираат начин да дојдат до залак, па “кој е најмирен прв ќе биде услужен”. Има време за сé, дури и да ги ислуша што сонувале. Нивните бисери и еуфорија прават да се чувствува одлично во текот на работното време. Обожаван е меѓу училишната младина.

Stole so najvernite drugarcinja– Децата се најискрени, безгрижни. Секојдневно има смеа, занимација. Ја сакам работата и успевам. Тоа не е блефирање, туку доаѓа од срцето. Децата чувствуваат и затоа се редовни муштерии. И покрај нив сум уште помлад – вели Ѓорѓиоски.

Студент е и на Економскиот факултет, освен што е газда и работник. Интересот за економијата го насочил во практиката. По две години успешна работа во ОУ “Рампо Левката” се проширува и в чаршија со пицерија која нуди и бесплатна достава. Планира ангажирање на повеќе работници со користењето на поволностите од Владата за вработување млади до 29 години.

– Четири години работам покрај училишта. Некои генерации веќе излегле, но не згаснала желбата по нашите производи. Навиката е да излегуваат в чаршија и тука гледам потенцијални муштерии – вели Ѓорѓиоски.

Печени сендвичи, хот-дози, пастрмалии, топено сирење, пици од најмали од најголеми, со уникатен вкус, се на менито во “Касни порасни”, кои постојано се усовршуваат и надополнуваат, со цени прилагодени на стандардот. Располага со пица мајстор, Ѕвонко Милошески, кој ги подготвува тестата. Нудат и пакет акции – храна + сокче. Организира и наградни игри и ликовни и литературни конкурси, како и автограми по ѕидовите на дуќанот. За најуспешните има награда.

Во “Касни порасни”, кој еднаш пробал, станува заробеник и гурман и среќник. Со уникатниот вкус, со квалитетот и добрата цена се стреми да стане лидер на пазарот.

Детски бисери:

– Колку пари е еден тост од 20 денари?

-Имам 50 денари ќе немам за тост од 30.

– Без ништо, само кечап и мајонез.

– Несреќа е да си на диета, а да работиш во “Касни порасни”.

– За нас Столе е Дедо Мраз, оти има подароци за сите нас.

Loading