СЕ ИНТЕНЗИВИРА “АДАМ И ЕВА”

Во театарот се интензивираат подготовките на новата претстава “Адам и Ева”, што според текст од М. Крлежа ја режира хрватската режисерка Ања Максиќ. Таа првпат соработува со нашиот ансамбл.             Според неа, текстот е податлив за одлична претстава, но и актерски остварувања, бидејќи станува збор за односот маж – жена. Вели дека атмосферата е прекрасна заедно со екипата, полна со енергија. Воодушевена е од еланот за работа.

Премиерата е планирана за првата половина на декември. Претставата е последна од годишната програма на ЦК “Марко Цепенков”.

Loading