РЕКЛАМИТЕ СТАНАА ГРАДСКИ ИНФОРМАТОР

Kino reklamite nekogas zborno mesto za na korzoОва е местото каде некогаш се “заплетуваа” љубовните игри, каде паѓаа првите бакнежи, каде првпат “искрела” зеницата во окото. Катче каде се одлучувало кој со кого, кој – каде…

Информацијата за филмовите кои ќе се прикажуваат на кино претстави, “залепена” на старото рекламно пано ги зближувала луѓето. Со фишеци в рака, тинејџери, заљубени двојки, по некој заскитан ерген, грицкајќи топли семки, сончоглед, ќе ги “закотвела” на столчињата во кино салите. “Смртта” на киното го запостави и паното кое дваесеттина години го “красеше” градот. Пред неколку години, никнаа модерни реклами, каде пак кришум може да се допрат усни со усни, а можат да се најдат информации за градот. И за наследниците на родителите, па и за бабите и дедовците, како место за средба остануваат рекламите.

Loading