ИЗВЕДБА НА МОНОДРАМА НАМЕСТО БЛАГОДАРАМ

После 16 години откако во МКЦ во Скопје првпат беше изведена монодрамата “Чекајќи го Илко” од нашата авторка Мирјанка Р. Селчанец, делото ќе биде прикажано в среда во 17 часот во кино Мис Стон. Селчанец туку-така не го одбрала трети декември за праизведбата. Пред 70 години е родена во Прилеп, а пред 15 години ја направила првата изведба на монодрамата. Втората причина е што на 3 ноември 2012 година ја добила наградата за животно дело – Златна плакета, Диплома и икона на светецот Никола. Има и трета причина, а таа е што 2014 година е значајна за нејзиниот Прилеп, оти се слави 1000-годишно простумење на градот.

– Со праизведбата, му се оддолжувам на родното место. Ќе се радувам ако заедно ги прославиме значајните денови – вели таа.

Имено, актерот – бард на македонското глумиште, Мите Грозданов со монодрамата “Чекајќи го Илко”, од 1999 па до ден денес ширум Македонија ги прикажува маките на малкумина старци, кои останале низ испустените простори на Мариово.

Мирјанка Р.Селчанец е автор на повеќе романи.

Loading