ЧИТАТЕЛИТЕ СО ЕЛЕКТРОНСКИ КАРТИЧКИ

Библиотеката почна со издавањето на електронски картички, преку кои целиот библиотечен материјал ќе се издава електронски. Директорот Петар Петрески вели дека досега биле издадени околу 1500 картички како во одделот за деца, така и за возрасни.

– Читателите добиваат подобри услуги, а ние подобра евиденција на издадените книги. Побрзо и поедноставно ќе се работи – вели Петрески.

Електронски картички ќе се издадат за околу 6000 читатели.

– Издавањето ќе оди постепено и континуирано. Проектот го реализираме со сопствени средства додава директорот.

Инаку, деновиве институцијата доби стотина наслови белетристика и лектири, како и преводи на странска литература преку Министерството за култура. 

Loading