АПАШ ПАРЧОСА ЗЕЛЕНИЛО

Varvarin besneel niz trevataНесовесен граѓанин предизвика оштетување на паркот околу општинската зграда. Попрецизно, хулиганот дивеел со автомобилот низ зелената трева како килим, грижливо одржувана од комуналците. Со тркалата од автомобилот оставал “автограми” по зеленилото. Правејќи акробации, невештиот андерграунд апаш ја парчосал тревата. Не се знае дали бил во алкохолизирана состојба или демонстрирал јунаштво. Факт е дека лудувал да предизвика внимание, бидејќи не располагал со етички стандарди за анимирање на јавноста и да излезе од анонимноста со добри дела. Кругчињата што ги оставил зад себе сведочат дека станува збор за деструктивец, полн со фрустрации, без чувство за естетика, кому домашното воспитување му недостасува, а штетите што ги создава му предизвикуваат задоволство. Колку е тоа психолошки здраво, не е потребно стручно знаење да се открие варваринот што тлее во него.  

Уништувањето на јавни зелени површини е забрането со закон и сторителите може да заработат парична казна од 50 евра или 5 дена општокорисна работа.

Loading