ПОСЛЕДНИОТ ПАТ НА ДЕНИСА

Prostuvanje so enigma - Denisa MarkoskaРодните и пријателите во црнина, со набуени очи со солзи и со свеќи и цвеќиња во  рацете се збогуваа со 23. годишната ќерка, внука и сестра Дениса Маркоска, која изчезна мистериозно ноќта меѓу 12 и 13 септември од бродот Серенисима во близина на островот Крит во Средоземјето. Македонските експерти од Институтот за судска медицина, со новата ДНК анализа, потврдија дека не погрешиле грчките форензичари. И по последниот пат на Дениса останаа да висат многу одговори што ја зголемуваат болката на семејството. Поради оштетеноста на телото, судската медиција во обдукцијата не можеше да ги открие причините за смртта, а грчките истражни власти не ја најдоа СИМ картичката од нејзиниот телефон.

Комшиите жалат за прераната загуба на својата соседка. Ќе ја паметат по насмевката со која сеела и зрачела ведрина. 

Loading