КРИВОГАШТАНИ ПРОДАВА БИЗНИС ПАРЦЕЛИ

Откупни центри за земјоделски производи и индустриски објекти ќе се градат во Кривогаштани. Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба осум градежни парцели со површина меѓу 1.497 и 3.664 м2 за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија, сервиси или стоваришта. Почетната цена е 61 денар за м2. Компаниите што имаат интерес ќе треба да се пријават за учество на електронската лицитација најдоцна до 4 декември, а наддвањето е на 11 декември.

Loading