ДРЖАВНИ КРИЛА ОД 30 ОТСТО ЗА ДОМАШНИ ИНВЕСТИТОРИ

Државна поддршка од 30 отсто од вредноста на инвестицијата преку ослободување од даноци и други давачки побараа прилепските бизнисмени на седницата на Управниот одбор на Регионалната Стопанска комора. Претседателот Симон Наумоски побарал еднаков третман на домашните со странските инвеститори, нагласувајќи дека не е грешка на Владата што ги поддржува странските инвеститори како во ТИРЗ, така и надвор од ТИРЗ, согласно Законот, а кои имаат голем придонес во растот на БДП, внесување на нови технологии и јакнење на конкурентноста на домашното стопанство. Стопанственциите очекуваат поддршка и за домашните инвеститори, право на државна помош со интензитет од 30 отсто на пресметковната вредност на планираната инвестиција, преку ослободување од плаќање на данок на добивка, персонален данок во наредните 10 години и надомест на трошоците за обука на нововработените, односно стручно усовршување на постојните работници.

Loading