ДО 15 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК

Во Тутунскиот комбинат

Околу 300 вработени во Тутунскиот комбинат кои ги исполнуваат условите, ќе може со отпремнина до 15 илјади евра да го окончаат работниот век и да заминат како технолошки вишок. Деновиве се очекуваат деталите за поволностите.

Социјалниот пакет е атрактивен. Се очекува бенефициите да ги искористат дел од вработените, без да останат на улица во услови на превработеност. Бордот на директори и синдикатот веќе постигнале договор. Се очекува владина виза и работниците да потпишат договори доброволно, со отпремнина, да бидат прогласени за технолошки вишок. Менаџментот и Владата ја потврдуваат грижата за вработените.

Во Комбинатот работат околу 970 работници. 

Loading