ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ НА 18 ГОДИНИ

Bojan grabi na vrvotНаскоро сам ќе води планинари и туристи низ планинските убавини 18 годишниот Бојан Станимировиќ. Тој стекна право да ја презентира македонската планинска ризница. Успешно ја заврши петдневната обука на Попова Шапка за планинарски водич во категорија А, планинарење во летни услови. За да блика адреналин, ќе биде “диригент” и за планинарите од клубовите низ авантуристички прошетки. На височините ќе биде на челото на колоните за Кораб, Тито Врв, Пелистер…

За визата за планинарски водич помогнале од ПД Козјак. Го предложиле да го посетува курсот, оти шест години е дел од секоја планинарска експедиција, од секој марш низ шумите, во близината на небото, а со возраста е и млад, но искусен планинар.

Се пријавил на конкурсот за оспособување на стручни кадри за планинарски водичи.

– Обучувачите се изненадија, оти бев најмлад меѓу 22 учесници. Обуката не беше тешка. Треба да минам уште по 5-10 часови на терен како помошник водич со 12 официјални лиценцирани водичи и да добијам потпис со слики за секоја тура, да подготвам семинарска и добијам сертификат за комплетен водич – вели Бојан Станимировиќ, кој годинава е матурант во гимназијата “Мирче Ацев”.

Бојан се гушка со планината од мали нозе. Со дедо му правеле кратки прошетки околу Плетвар.

Loading