ГОЦЕДЕЛЧЕВЦИ СО ЕВРОПСКИ ЗНАК ЗА КВАЛИТЕТ

OU 'Goce Delcev' - evropski priznatТалентирани ученици од ОУ “Гоце Делчев”  со поддршка на наставничката по француски јазик, Ирена Наумоска, стекнаа европски сертификат – “Знак за квалитет” од Националната агенција за европски прашања и мобилност. Тоа е највисоко признание во рамките на ETwining проектот. Надарените деца посетуваа додатна настава и учествуваа во четири проекти. За проектот “Прозорци на светот” добија европски сертификат – “Знак за квалитет”. Изработија видео репортажа за училиштето на француски јазик. На ETwining порталот редовно прикачуваат презентации, слики и текстови на француски јазик за нивните активности во училиштето.

– Училиштето е промотор на ETwining платформата за доживотно учење во регионов. Предизвик е од првиот момент. Учениците дадоа придонес со посебен интерес. Секогаш се вклучуваме во проекти за унапредување на наставата – рече наставничката Ирена Наумоска.

Учениците на практичен и реален начин го применуваат јазикот. Го подобруваат познавањето на францускиот јазик, стекнуваат пријателства со ученици од други европски држави со кои комуницираат преку социјалните мрежи. Најбитно е што им се отвораат можности во иднина да аплицираат на најразлични проекти за размена на студенти и да станат потенцијални корисници на грантови на стипендија.

Loading