ФОТОГРАФИИ ОД ПРЕД ВЕК

Во ликовниот салон

Изложба на фотографии и плакати од Русија, насловена “Светски пожар”, ќе биде поставена од понеделник во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Во соработка со Руската амбасада и Сојузот на македонско – руски здруженија на Македонија, на изложбата ќе бидат претставени 20 паноа со плакати и фотографии не само од Русија, туку и од Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франција кои сведочат за настаните кои се случувале во Првата светска војна.

– Претставени се фотографии, документи и пишувани материјали, од кои на едно и од прилепскиот дел,  кои ги собирале здруженија на Руси кои живеат во Македонија, а кои ги отстапиле за оваа пригода – велат од Центарот за култура.

Со изложбата се одбележуваат 100 години од почетокот на Првата светска војна и преку неа се испраќа порака дека војната не е добра за никого.

Loading