РИСТЕСКИ И ВОЛЕРС ВО ОБЛАЦИТЕ

Risteski letnuva nad TreskavecГрадоначалникот Марјан Ристески го виде градот од птичја перспектива, летнувајќи со инструктор на параглајдер, тандем, пред почетокот на отвореното параглајдинг првенство “Прилеп Опен 2014” од новото полетилиште кај манастирот Трескавец на 1300 метри надморска височина. Првото искуство со параглајдерот вели дека било возбудливо и интересно, особено поради тоа што во олбаците друштво му правеше американскиот амбасадор Пол Волерс.

Ристески смета дека Прилеп располага со огромни природни потенцијали за таканаречените екстремни спортови, кои веќе го вбројуваат градот меѓу атрактивните туристички и спортски дестинации. Пред десетина дена Трескавец беше домаќин на стотина болдеристи од светот кои се воодушевуваа од погодните стени за овој спорт што го крева адреналинот. 

Loading