ЧОВЕК ОД ГУМА

Драган Наумчески

Roden za akrobacii - Dragan NaumceskiВо сé по атрактивната блиска на спортот дисциплина “паркур и фри – ран”, Драган Наумчески (19) освои бронзен медал на отворената Балканијада во Приштина, Косово. До третото место стигна во најтешката категорија “фри стајл”, меѓу 20 ривали, рамо до рамо со првопласираните гости од Русија, за кои предност беше сонародникот судија. Прилепчанецот доби високи оценки за поминатите пречки со тежина, креативност и течност во изведбата.

– Направив гимнастички елемент, сопка, салто наназад, од коленици твист, од шипка отфрлање, наназад салто, отфрлање од вратило назад и напред, салто двапати и 360 пируети за финиш пред публиката која навиваше за мене. Беше тешко колку 10 круга на стадион – вели Наумчески.

Уште еден ваков успех и Светското не бега в година во Грција.

Loading