ЧАТЛЕСКИ НА “УМЕТНОСТ БЕЗ ГРАНИЦИ”

Слики од циклусот ,,Во ритамот на самбата” од уметникот Тони Чатлески, кој деновиве ја доби третоноемвриската награда за големиот придонес во ликовната уметност, се дел од групната изложба ,,Уметност без граници” отворена во галеријата “Царевен град” во Москва. На изложбата, што е дел од Фестивалот на сликарството, Чатлески е заедно со седуммина автори од Русија, Бугарија, Велика Британија.

Ова е второ претставување на нашиот уметник во Москва, по самостојната изложба од пред еден месец.

Чатлески ќе биде претставен и во Звенигород и во Санкт Петербург.

Loading