АШУРЕ – НАЈСТАРИОТ ДЕСЕРТ НА СОЛИДАРНОСТА

Во Канатларци

На покана на Бектешката верска заедница и Сабедин Јусуфоски,  градоначалникот Марјан Ристески присуцтвуваше на свечениот ручек во Канатларци. Во текето Дикмем Баба каде живее турско население, се јадеше и ашуре, кое ги симболизира солидарноста, љубовта, богатството и заедничкиот живот. Се прави од варена пченица, наут и грав со исечкано суво овошје, а се нарекува и јадење на љубовта и хуманоста кое се споделува со пријателите. 

Loading