ЗДРАВ РАБОТНИК СО СТРЕС ПОД КОНТРОЛА

Мермерен Комбинат ја одбележа Европската недела за безбедност и здравје при работа

Griza za zdravi rabotnici vo Mermerniot Kombinat - Jasna Azievska Petruseva i Kole IlijevskiМермерен Комбинат, како добитник на наградата за најдобра пракса на безбедност и здравје при работа во категоријата големи компании и компанија која несебично вложува во обезбедување на највисоки безбедносни стандарди при работа, се приклучи кон одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа на тема “Здрави работни места – Управување со стресот”.

– Во компанијата, во согласност со добрата пракса по БЗР, го третираме и стресот како современа закана по безбедноста и здравјето при работа и во насока на негово намалување како едно практично решение ја поттикнуваме отворената комуникација на сите нивоа – истакна Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен Комбинат.

Условите за работа, обемот на работа и меѓучовечките односи се дел од причините кои можат да доведат до стрес на работното место.

– Според истражувањата, стресот на работното место зазема водечко место на скалата на главните причини за отсуство од работа, за пад на мотивацијата и продуктивноста на работниците – истакна Коле Илијевски, менаџер по безбедност и здравје при работа во Мермерниот Комбинат. 

На средбата, организирана во соработка со Македонското здружение за заштита при работа како Focal Point на EU OSHA за Македонија беше присутен и Милан Петковски, претседател на ММЗПР, кој имаше свое обраќање на темата “Управување со стресот”.

Мермерен Комбинат е глобален лидер во екстракција и преработка на снежно белиот мермер Сивец. Формиран е во 1946 година и оттогаш дејност му е  експлоатација и преработка на Сивец кој е регистрирана трговска марка на ситно – грануларен доломитски мермер кој се вади од каменоломите на компанијата во близина на Прилеп.

Loading