Прилепчанката Маријана С. (45), која е на издржување на затворска казна во Идризово за измама, го кажа судбоносното “да”, зад решетки, стапувајќи во брак со љубовта на нејзиниот живот, скопјанецот Милан С. (46). Тие се венчале во салата за посети во кругот на затворот, а како свадбен подарок од затворската управа добиле гратис престој во собата за слободно видување или секси собата, како што ја викаат затворениците.
Бидермаерот завршил во рацете на млада командирка.